Поврзете се со нас

Англија

Невил лобира за останување на Тен Хаг во Јунајтед: Треба да му се даде уште една шанса

Објавено

на

Гери Невил на дневна база ги коментира случувањата околу Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, па и покрај слабата сезона на својот поранешен клуб, не е приврзаник на идејата за отказ за менаџерот Ерик тен Хаг.

Некогашниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ најголемите проблеми ги лоцира на друго место, вклучувајќи го и големиот број повреди во актуелната сезона.

– Она на што сме сведоци последните 10 години е дека многу фудбалери и менаџери не успеваат да ги исполнат стандардите на Манчестер Јунајтед.

– Сите се добри фудбалери и тренери кога ги ангажираат, но тежината на работата и предизвикот си го прават своето. Можеби промената на сопственичката структура и новите директори ќе донесат стабилност и ќе го намалат притисокот врз екипата.

– Според мене, Тен Хаг треба да остане затоа што не гледам соодветна замена. Гледате дека еден Баерн Минхен се мачи да најде нов тренер толку долго. Јас би го задржал Тен Хаг и би му овозможил уште една сезона, во која евентуално и нема да има толку проблеми со повреди, – рекол Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни