Нема кратење: Серија А останува со 20 екипи

Италијанската Серија А нема да работи на кратење на бројот на тимови кои ќе бидат дел од елитата. Иако имаше иницијатива од сезоната 2025/26 бројот на тимови да се намали од 20 на 18, сепак, истата не беше пригфатена од мнозинството на клубовите на последното собрание на Серија А.
Серија А објави дека е потврден сегашниот формат на Лигата со 20 екипи по гласањето во Милано. На денешното гласање освен Милан, Интер и Јувентус кои беа иницијатори на евентуалните промени, само уште Рома гласаше за намалување на бројот на екипи во Калчото, додека останатите 16 клубови гласаа против.
Сепак, новите предлози за реформи во италијанскиот фудбал ќе бидат претставени до Италијанската фудбалска федерација во март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО