Забава Избор

Blu DeTiger го претстави деби албумот „All I Ever Want Is Everything“

Охрид, 2. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младата поп ѕвезда во подем, Blu DeTiger го претстави својот деби албум „All I Ever Want Is Everything“ кој носи 14 нови песни со смели текстови за самооткривање и експресивни вокали кои го прават ова издание совршено за летни ноќи и долги возења.

– Сакам луѓето да знаат дека е во ред да се чувствувате добро или лошо и да успеете во сè и покрај чувствата. Како и да се чувствувате, се ќе биде добро. Сакам да ги охрабрам младите генерации да најдат свој начин да се изразат, рече Blu DeTiger за темите на нејзиното прво издание.

Како една од најценетите млади басисти во поп музиката на новата генерација, Blu од 2019 година и почетокот на кариерата свиреше за имиња како Olivia Rodrigo и Fletcher.

Авторката со месеци привлекува големо внимание на социјалните мрежи благодарение на нејзините обработки на познати нумери, како и авторските песни.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука