Top Sport

ФК Хајдук го смени претседателот, на негово место доаѓа дикреторка од „Подравка“

Хајдук од Сплит во изминатите десет дена отпадна од трката за трофеите во хрватскиот фудбал. Два пати беше поразен од Динамо Загреб и тоа во Сплит, во првенството и Купот, а вчера доживеа и пораз од Риека, со што и дефинтивмо отпадна од шампионската трка.

Хајдук, во пролетниот дел од сезоата од можните 27 освои само 14 бодови. Цехот за лошите резултати наместо тренерот ја плати претседателот на УО, Лукша Јакобушиќ.

Тој ја презеде функцијата во октомври 2020 година, по заминувањето на Марин Брбиќ. Од функцијата го разреши Надзорниот одбор на клубот, вршител на должноста претседател на клубот до крајот на сезоната ќе биде член на Управниот одбор и маркетинг директорката на клубот Маринка Акрап.

Родена е во Сплит во 1968 година, пораснала во Тучепи. Мајката на две ќерки дипломирала на Факултетот за политички науки во Загреб, а по пристигнувањето во Сплит на почетокот на септември 2021 година, Хајдук ја претстави нејзината деловна кариера на следниов начин:

– Г-ѓа Акрап на местото член на управниот одбор на клубот доаѓа од Подравка од позицијата директор на секторот за корпоративен маркетинг и комуникации, каде што ги помина последните девет години. Пред тоа, занимавајќи се со маркетинг, продажба и односи со јавноста низ дванаесетгодишната работа во парфимериите ДМ, таа мина низ развоен пат од асистент за рекламирање до член на управен одбор задолжен за набавки, маркетинг, односи со јавноста и дел од продажбата.“

Амбициите на Јакобушиќ на почетокот на неговиот мандат беа грандиозни, на крајот Хајдук освои само два хрватски Суперкупа.

Scroll to Top