Која е разликата меѓу поставувањето лични граници и ултиматуми во љубовната врска?

Која е разликата меѓу поставувањето лични граници и ултиматуми во љубовната врска?

Во одредени ситуации, тешко е да се разликува кога човек поставува граница, а кога поставува ултиматум. Мора да разбереме дека ниту една ситуација не е црно-бела и дека многу зависи од контекстот. Кога се обидувате да ја разберете разликата помеѓу границите и ултиматумите, поставете си ги следниве прашања:

Која е разликата меѓу поставувањето лични граници и ултиматуми во љубовната врска?

  • На кој тон е поставена границата: дали зборовите звучат како закана или покана за разговор?
  • Која е целта на границата: да се подобри врската или да се манипулира со другата личност?
  • Дали границата ги зема предвид чувствата на двете лица во врската?

Преку поставувањето граници ние се обидуваме да го изразиме она што ни е прифатливо или неприфатливо. Нивната главна цел е да создадат врска во која и двајцата партнери ќе се чувствуваат безбедно, прифатено и сакано. Кога поставуваме граници, ја покануваме другата личност да ги сподели своите чувства.

„Ме боли кога не ми одговараш на пораките, ми треба редовна комуникација во нашата врска. Ако тоа не ти се допаѓа, можеби би било добро и двајцата да одвоиме малку време да размислиме како можеме да работиме на ова. Што мислиш?”

Од друга страна, целта на поставувањето ултиматум е контролата. Со поставување на ултиматуми, сакаме да ги контролираме другите и да им се закануваме доколку не ги исполнат нашите очекувања. Ултиматумите ги поставуваат оние кои покажуваат неподготвеност да се прилагодат и желба да манипулираат со другата личност.

“Кога ќе ти напишам порака, мора да одговориш. Нема да бидам во врска во која партнерот ме игнорира. Ако не одговориш, ова е крај за нашата врска.”

Важно е да бидеме цврсти кога ги поставуваме и да не отстапуваме од нашите лични граници. Сепак, исто така добро е да се има разбирање и почитување во врската и да се има предвид фактот дека главната цел на поставувањето граници е продлабочување на врската.

Откако прочитавте за разликата меѓу личните граници и ултиматумот во љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и за најчестите изговори на луѓето кои одлучуваат да продолжат со токсичната љубовна врска.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар