Лудото интервју на Карагер со Санчо: Испив осум пива, јазикот ми е врзан

Џејми Карагер е дел од фантастичното трио на ЦБС Спортс заедно со Тиери Анри и Мика Ричардс задолжено за натпреварите од Лигата на Шампионите, а екс-дефанзивецот на Ливерпул синоќа доби „специјална задача“, од лице место од Дортмунд да известува за дуелот меѓу Борусија и ПСЖ.

Мечот понуди бројни возбудувања, а Карагер не криеше колку е импресиониран од атмосферата, откако и самиот мина десетина минути навивајќи заедно со „жолтиот ѕид“, меѓу најверните навивачи на Борусија.

Тој го дочека крајот на мечот со светнати очи, а по прашањето на колешката Кејт Абдо дали е доволно трезен да му направи интервју на Џејдон Санчо, следеше искрен одговор од Карагер.

„Добро прашање, затоа што не јадев премногу. Зедов еден чизбургер околу 2.30. Тоа може да е добро објаснување зошто јазикот ми е врзан. Испив околу осум пива заедно со „жолтиот ѕид“, имам ново семејство и пријатели“, со насмевка одговори Карагер.

Се вчитува...