• петок, 17 мај 2024

Путин: Нема ништо необично во тактичките вежби за нуклеарно оружје

Путин: Нема ништо необично во тактичките вежби за нуклеарно оружје

Москва, 9 мај 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема ништо необично во планираната вежба, која вклучува вежба за распоредување на тактичко нуклеарно оружје.

- Тука нема ништо необично, ова е планирана работа, истакна Путин.

Русија во понеделникот соопшти дека ќе вежба распоредување на тактичко нуклеарно оружје како дел од воената вежба по, како што рече Москва, заканите од Франција, Велика Британија и САД. ссм/

фото: архива

Остани поврзан