Поврзете се со нас

Англија

Карагер за најголемиот трагичар на Ливерпул: Ова е непростливо, клубот да одлучи дали треба да го продаде!

Објавено

на

Ливерпул првпат загуби на „Гудисон парк“ после 14 години и по се изгледа остана и без минималните шанси да се бори за титулата во Премиер лигата, а фановите на овој клуб повторно мораа да гледаат како нивните миленици не користат убави шанси за гол во ситуација кога беше отворен мечот.

Избраниците на Јирген Клоп режираа нестварни промашувања на натперваррите против Манчестер Јунајтед и Кристал Палас, но според Карагер, трагичар број еден е Дарвин Нуњез кој вчера повторно промаши зицер за да го врати Ливерпул во игра пред крајот на првиот дел.

Уругвајскиот напаѓач одново имаше лоша завршница и тоа се повторува од натпревар во натпревар веќе две сезони наназад, па иако никој не може да му забележи за другите работи кои ги прави на теренот, Џејми Карагер смета дека клубот треба да размислува за негова продажба.

– Шаната која Нуњез ја упропасти пред крајот на првиот дел е непростлива. Тоа е непростливо на ова ниво, не смее да го прифатите ова на вакво ниво. Особено не ког Ливерпул се бори за титула. Поради тоа, сметам дека треба да се постави прашањето за него: Дали треба да остане?

– Кога го гледате, сите сакаат да му оди добро поради тоа како се залага, поради начинот на кој се бори и со кој прави проблем за противниците, но……. После две години во Ливерпул и во ситуација кога тимот се бори за титула, потребно е вашиот напаѓач да даде гол на „Олд Трафорд“, да даде гол на „Гудисон парк“, на европскиот меч против Аталанта. Повеќе нема време за трошење, не сме во октомври или ноември, ова е крај на сезоната.

– Јасно е дека не можат да се носат заклучоци после една сезона, но сега после две години, може да се заклучи дека нема да видиме голем напредок кај него. Дарвин е оној кој го гледаме изминативе две години. Тој може да преизвика големи проблеми, но може секогаш да греши со завршницата. Мислам дека тоа не е доволно за да се бркаат најголемите трофеи и затоа мислам дека треба да се донесе голема и тешка одлука за него ова лето, – вели Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни