Шок во Бразил: Олимпискиот шампион нема да ја брани титулата во Париз

Фудбалската репрезентација на Бразил (до 23 години) нема да ја брани титулата олимписки победник летово во Париз.

Во решавачкиот натпревар од последното, 3. коло од финалната група на јужноамериканскиот квалификациски турнир што се играше во Венецуела, Бразил загуби од најголемиот ривал Аргентина, 0:1.

Единствениот гол за репрезентацијата на Аргентина што ја предводи  Хавиер Маскерано, го постигна Лучијано Гондо во 77. минута. Аргентинците го завршија натпреварувањето на второто место со пет бода, додека Бразил остана на третото, со три бода.

Заедно со Аргентина, јужноамерикански претставник на ЛОИ во Париз ќе биде Парагвај, кој во последниот меч на турнирот го совлада домаќинот Венецуела со 2:0 и со тоа го освои првото место со седум бода.

Покрај златото освоено на Игрите во Токио 2020, Бразил освои и злато и во Рио де Жанеиро 2016 година. За првпат по 2004 година Брзил нема да настапи на ЛОИ. Аргентина ја освои титулата олимписки победник во Атина во 2004 и во Пекинг 2008 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО