Талат Џафери: Граѓаните се подготвени за премиер за сите
Премиерот Талат Џафери денеска преку прес-конференција како претставник на Европскиот фронт изјави дека граѓаните се подготвени да преземат должности и одговорности, па како што рече, докажале дека одговорноста за раководството на државата ја носат подеднакво, како пример за зрелост и заемно почитување.
Во продолжение целиот говор:
Собрани за да се потврди и изрази благодарност за поддршката и довербата што сме ја имале секогаш од вас.
Благодарение на оваа поддршка, меѓутоа и на целосната доверба на лидерот Ахмети, јас ви се обраќам како прв Премиер Албанец и истовремено, како кандидат за пратеник.
Ви се обраќам со мирна совест, затоа што тоа што го ветив кога ја преземав одговорната должност на Премиер, го спроведував и продолжувам да го спроведувам доследно. Работев посветено и професионално. Убеден дека ќе ги отстраниме еднаш и засекогаш всадените предрасуди и стереотипи во широкиот менталитет дека Албанците не можат, не знаат и немаат право!
Не ве разочарав ниту вас, ниту граѓаните на Република Северна Македонија.
Владата, под мое водство, иако прв приоритет и беше одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори на фер и демократски начин, ве уверувам, а и вие самите сте сведоци, не беше во ниту еден миг надвор од рамката на функционална и доверлива институција за вас почитувани граѓани!
Тука бевме за секое барање и на ваша услуга!
Докажавме дека одговорноста и водењето на државата ги носиме на еднаков начин, станувајќи пример на зрелоста и взаемната почит.
Докажавме дека можеме да владееме одговорно во целата земја, во сите околности и со сите граѓани. Тоа се вредности што ги негуваме уште од независноста на државата, за градење на рамноправна држава и општеств
Албанците можат, знаат и имаат уште поголем потенцијал!
Албанците се подготвени за ЕДЕН ПРЕМИЕР ЗА СИТЕ!
Еден Премиер кој што ќе практикува ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ кое се карактеризира со – транспарентност, учество, ефикасност, одговорност, отчетност, рамноправност, косензус и кохезија;
Ќе се грижи за ВЛАДЕЕЊЕ НА ЗАКОНОТ И ПРАВОТО;
Ќе се бори против КОРУПЦИЈАТА И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ;
Ќе води сметка за една ПРОФЕСИОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА И ДИГИТАЛИЗИРАНИ ЈАВНИ УСЛУГИ;
Ќе се грижи РЕДОТ И БЕЗБЕДНОСТА да се спроведуваат од органите на редот и безбедноста со цел да ги гарантираат слободата, мирот и сигурноста за секој граѓанин и правен субјект;
И над се, Премиер кој што ќе стои силно зад нашиот став кој што силно вели – НЕ НА РУСИЈА – ДА ЗА ЕВЕРОПА!
Работејќи посветено на:
– Интеграцијата на земјата во Европската Унија;
Правејќи ги уставните измени во 2024 година;
Отворањето на преговорите со Европската Унија во 2024 година и на крај:
Полноправно членство во Европската Унија во 2030 година;
За постигнување на ова, нема да отсуствува туку напротив, ќе ја зајакне уште повеќе РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА во рамките на добро познатите иницијативи, односно:
Берлинскиот процес;
Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија
Затоа што ние, географски и како цивилизација, сме дел од Европа и за нас, сонцето, како што рекле и преродбениците, изгрева на запад.
Премиерот за сите ќе води сметка за:
– продолжување на политиките и ставовите на безбедносната и надворешната политика унифицирана според НАТО;
– продолжување на унифицираните безбедносни и надворешно политички ставови со Европската Унија;
за спречување на руското влијание во Северна Македонија и за одржување на стратешкото партнерство со САД.
Затоа ни треба силна поддршка од вас,
– За продолжување на про-европската политика на Република Северна Македонија;
– За доброто на државата:
– За доброто на децата и младите поколенија!
Затоа:
СИТЕ ЗА БРОЈ 4!
ГЛАСАЈ 4!