Ковачевски на средба со Мицкоски, тема францускиот предлог

од Берта Китинска

Францускиот предлог е причина и за средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситијан Мицкоски. Средбата е најавена за 15 часот во Клубот на пратениците.

По добивањето на предлогот, премиерот Ковачевски најави широки консултации со коалициските партнери, со претседателот на државата, со парламентот, со граѓанскиот сектор, како и со опозицијата.

„Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство… Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија“, соопшти синоќа Владата.

Слични содржини