Костадиновска кон Лозановска: Ќе репреговарате француски предлог со оние кои веќе гласаа за него?

од Симе Стоиков

„Дали ќе се извините за тоа што, во тоа етикетирање меѓу двата изборни круга за претседател и пред претстојните парламентарни избори убедувате дека ќе репреговарате, дека ќе најдете подобро решение за влез во ЕУ, бидејќи рековте претставуваме нова алтернатива и нудиме европски вредности?“ ја праша Бисера Костадиновска – Стојчевска својата противкандидата Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ на дебата „Само вистина“ на Канал 5.

Таа потсети дека министерот во техничката влада Тошковски рекол, дека мора да се почитува Преспанскиот договор затоа што од 2019 година наваму сите функционери, сите граѓани на РМ земаат плата од тоа име што го негира ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите овие, дали ќе се извините, на вашето членство не на некој друг, мислам дека тие најмногу очекуваат да се извините за тоа што упорно велите дека ќе репреговарате подобар предлог, дека имате подобра алтернатива, подобро решение, а овие три опции со кои што правите математички пресметки деновиве небаре веќе готово победивте, сите гласаа за ратификација во Собранието за Францускиот предлог.“ праша Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Слични содржини