Приведен крадец од Струмица баран по потерница
- Полициски службеници вчера на локалниот пат во с.Добрашинци, струмичко, го привеле М.Е.(25), кој управувајќи патничко возило „цитроен“, сопственост на такси компанија, кое претходно го одзел во Струмица, изгубил контрола и со возилото излетал од патот, соопшти МВР.

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Полициски службеници вчера на локалниот пат во с.Добрашинци, струмичко, го привеле М.Е.(25), кој управувајќи патничко возило „цитроен“, сопственост на такси компанија, кое претходно го одзел во Струмица, изгубил контрола и со возилото излетал од патот, соопшти МВР.
Подоцна, при проверка во оперативната евиденција, било констатирано дека М.Е. бил баран по потерница за доиздржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела по член 235 од Кривичниот законик. Лицето е предадено во Казнено - поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.са/
Фото: МИА архива