Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски откако доживеа ужасни прозивки од фановите на Риека: Не ве мразам, но веќе не ве почитувам! (Фото)

Објавено

на

Динамо се стабилизираше во најважен дел од сезоната и по се изгледа ќе освои нова титула во хрватското фудбалско првенство, откако вчера победи и на гостувањето кај најсериознит кандидат за трофејот.

Тимот од Загреб направи пресврт на гостувањето во Риека и на крајот славеше со резултат 1:2, победа која ги израдува сите во гостинскиот табор, но посебно Стефан Ристовски.

Македонскиот фудбалер како порашен член на Риека бил дел од навистина грозни и разочарувачки навреди, бидејќи домашните навивачи испраќале погрдни зборови за мајката на Стефан која неодамна почина.

Ова го налути пораннешниот капитен на македонската репрезентација и го натера да се огласи преку социјалните мрежи, каде на фановите на Риеака им порача дека веќе не може да ги почитува.

– Не ве мразам, но ја загубивте сета моја почит. Семејството е над фудбалот. Семејството е над се! ЗА ТЕБЕ МАЈКО, – гласи хаштагот кој го објави Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни