Книгоиздателството Ми-Ан има ќе ја промовира новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“, која е дел од едицијата (С)Мисла. Промоцијата ќе се одржи на 15 мај во Бифе Тафталиџе, со почеток во 19 часот.

Во својата книга авторката отвора мошне важни и интересни прашања поврзани со културното живеење во Македонија – од архитектурата преку музиката до книжевноста и театарската и филмската уметност. На само за неа својствен начин Геориевска-Јаковлева прави ретроспективна анализа на настани и дела актуелни во минатата деценија, преку нивна историска „дисекција“ и синхрониско набљудување, со што читателот добива целосна слика за времето и просторот во коишто живееме, како и за животната култура на ова парче земја на коешто егзистираме. Она што ја прави оваа книга вредна и интересна е што авторката избрала научно-популарен пристап кон теоретската расправа, па на тој начин нејзината истражувачка работа станува лесноразбирлива и достапна дури и за оние што речиси воопшто не се запознаени со темите од областа на културата и на културните политики.

За книгата ќе зборува и разговорот ќе го води Оливера Ќорвезироска, а ќе ја претстави проф. д-р Славчо Ковиловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.