Фото сафари „Прочка 2024“

Фото Кино Клуб „Прилеп“ ве поканува на фото дружба и фотографирање на прилепскиот карневал „Прочка 2024“ кој ќе се одржи на 17 март 2024 година.

Карневалот „Прочка“ е еден од најзначајните културни манифестации во пелагонискиот регион кој привлекува голем број домашни и странски посетители. Овој настан претставува извонредна можност за фотографите да ги збогатат своите портфолија.


После завршувањето на карневалот, ФКК – Прилеп, во соработка со Општина Прилеп и Национална фото унија на Македонија, ќе објави меѓународен конкурс за уметничка фотографија. На овој конкурс ќе се примаат исклучиво фотографии креирани на овогодинешниот карневал.

За најдобрите и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели соодветни парични награди. Проектот ќе биде заокружен со изложба на фотографии која ќе се одржи на 17 мај 2024 год. Повикот е отворен за сите професионални фотографи и фото-аматери од земјата и странство! Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк најдоцна до 10 март 2024 година.


https://docs.google.com/…/1FAIpQLScMH2NAi1e…/viewform…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …