22.8 C
Скопје
16:10 - 2 мај, 2024

Не би погодиле! Лепа Брена го откри најнеобичното место на кое водела љубов, реакцијата потоа е урнебесна

Instagram

Регионалната фолк ѕвезда Лепа Брена со децении е вљубена во поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, со кого и се омажи.

За многумина тие се асоцијација на долг и квалитетен брак, а Брена сега во емисијата „Амиџи шоу“ открила дека и тие имале падови и кризи, од кои излегле како победници.

– Ние тие детски бубачки ги поминавме многу порано. Тој беше остварен професионално, по тенисот продолжи да се занимава со различни работи, многу успешно. Боба го сака животот, го сака семејството, а јас сум личност која сака да следи некого и која сака да има цврсто рамо покрај себе, да можам да се потпрам и да имам силна личност покрај себе. Многу специфичен однос, а ние навистина го негуваме. Сите луѓе кои го негуваат односот прават добри резултати, но никогаш не можете да потпишете и да гарантирате – признала Лепа Брена.

Водителот Огњен Амиџиќ потоа ја ставил Лепа Брена на тест, на кој таа требало да одговара на незгодни прашања.

Едно од нив било да открие кое е најнеобичното место каде што водела љубов.

– Автомобил – рекла Брена која се засрамила и се фатила за глава, а Амиџиќ почнал да се смее.

– Ако можам да поставам потпрашање, околу автомобилот или во автомобилот? – љубопитно прашал Амиџиќ.

– Во автомобилот – открила пејачката, но не сакала да открие повеќе детали.

Во гостувањето во „Амиџи шоу“, Лепа Брена открила и колку пари успеала да заработи за еден ден.

– Малку и ќе ја намалам цифрата… Ете, 150.000 евра. Ќе ја продадеш куќата и ќе заработиш 10 пати повеќе. Или автомобилот, така… – рекла пејачката.

 

 

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....