Регион

Градоначалникот Костадинов верен на традицијата, закројуваше лозје на лозовите насади на АД „Грозд“

Во име на големиот празник Св. Трифун, денес градоначалникот Костадинов ја имаше честа да ѝ биде верен на повеќевековната христијанската традиција на закројување лозје. И овојпат тоа се случи на лозовите насади на АД „Грозд“, во присуство на свештеници од Македонската православна црква Охридска архиепископија – Струмичка епархија, вработени во АД „Грозд“ и директорот на оваа успешна компанија, Васе Митев.

„Преголемо е задоволството, со секоја закроена лозова прачка, да им го честиташ Свети Трифун на домаќините и да им посакаш успешна година со здрав и богат род , како и изобилство на квалитетни вина. Вековит и бериќетен Свети Трифун на сите лозари. За многу години Свети Валентин на сите вљубени“, порача Костадинов.

Препорачуваме:

ВМРО-ДПМНЕ најавува победа во општина Босилово

Сузана Мицева

Почна санацијата на оштетените гранитни плочки на струмичкиот плоштад

Фотоволтаици ќе се градат на четири локации во Општина Василево