Пендаровски: Крајно недемократски е господинот Максим да очекува дека може да влијае врз неговите гласачи поради негов личен став

од Nikola Popovski

„Да бидам прецизен околу бојкотот, од почетокот до денес велам дека бојкот не треба да има бидејќи тоа не е демократски. Очекувам да биде надминат цензусот од 40%. Во однос на ставот дека опозиционото однесување или размислување не доминира во етнички албанската средина барем според резултатите на нивните кандидати во првиот круг. Изјавата на господинот Максим беше јасна. Вели дека поради некој јавен спор кој го имавме пред две години јас ќе имам ваков став кон едниот од кандидатите и ако некој навистина очекува дека тој ќе влијае на своите членови и гласачи, јас мислам дека тоа е крајно недемократски бидејќи такви работи не се случуваат“, рече претседателот Стево Пендаровски на третата претседателска дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Според него, тој може да каже кои се неговите заложби, но дека целата партиска структура ќе го слуша тоа или пак неговите гласачи, такво нешто не е возможно во демократии и додаде дека нема да преговара за префрлање на гласови на негова страна.

„Ниту имам намера да преговарам некој да ми ги префрла гласовите ниту некого да молам да гласаат за мене. Имавме ние многу научни студии во Македонија. Ниту една анкета од она што ми беше достапно, ниту една не погоди ваква дистрибуција на гласови. Мислам дека е најважно да ги оставиме граѓаните без притисоци и повикувања на научни студии како најчесто се однесуваат на граѓаните и сосема слободно да им дозволиме на овие најдемократски избори досега да го дадат својот глас“ потенцираше Пендаровски.

Во реплика на противкандидатката Силјановска која вели дека и верува на анкетата на МТВ, тој и одговори дека Јавниот обвинител треба да го праша директорот на телевизијата дали доаѓа од партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Самата госпоѓа вели дека и таа била изненадена од резултатот кој го добила а во првата реченица вели и верува на партиската анкета на МТВ, каде што знаете дека излегоа документи за кои ми е чудно како Јавниот обвинител воопшто не покренува предистрага, да праша дали е точно дека од декември до денес, директорот генерален на таа телевизија е од партискиот штаб на оваа госпоѓа и сите тие анкети што ги работат со партискиот анкетар на ВМРО-ДППМНЕ воопшто се дозволени на јавен сервис за кој плаќаме сите ние“, заклучи Пендаровски.

Слични содржини