Секој десетти работник во ЕУ работи прекувремено

од Vladimir Zorba

Минатата година во Европската унија (ЕУ), 7,1 отсто од вработените работеле прекувремено на главната работа, покажуваат податоците на Евростат.

Прекувремената работа се однесува на оние работници кои обично поминуваат 49 или повеќе часа неделно на работа, пренесува Б92.

Меѓу земјите на ЕУ, Грција имаше најголем удел на прекувремена работа (11,6 отсто), потоа Кипар (10,4 отсто) и Франција (10,1 отсто).

Од друга страна, најниски стапки се забележани во Бугарија (0,4 отсто), Литванија и Летонија (по 1,1 отсто).

Во однос на учеството на вработените со прекувремена работа од 3,8 отсто, Хрватска е под просекот на Европската Унија.

Стапката на продолжено работно време е повисока кај самовработените (29,3 отсто од вкупните самовработени) наспроти вработените (3,6 отсто од вкупно вработените).

Подолгите работни денови беа позастапени кај работниците во земјоделството, шумарството и рибарството (27,5 проценти од сите работници во земјоделството, шумарството и рибарството) и менаџерите (21,9 проценти).

Во сите други професии, дефинирани со меѓународната стандардна класификација (ISCO), во просек само 7,3 отсто од работниците работеле подолго од 49 часа неделно.

Слични содржини