Саутемптон официјално ИСПАДНА од Премиер-лигата

Екипата на Саутемптон и официјално идната сезона се враќа во Чемпионшип и нема да игра во Премиер-лигата. Тоа е познато по денешниот пораз од Тотенхем со 3-1. На седум кола до крајот, тимот заостанува 22 бодови од 17 позиција која носи опстанок, и нема никакви шанси да ја достигне, па дури и со некое чудо да ги победи сите натпревари.

Саутемптон оваа сезона прими 74 голови, а даде 23 голови, и убедливо е најслабата екипа. Оствари досега само две победи во 31 натпревар.

Со него најверојатно и Лестер и Ипсвич ќе ја напуштат Премиер-лигата, затоа што и тие два тима заостануваат многу зад Вулверхемптон, кој е прв над опасната зона со 32 поени, додека Лестер има 17, Ипсвич 20 бодови.

Се вчитува...