Поврзете се со нас

Шпанија

Араухо го прекина молкот и се огласи за болката која им ја нанесе на фановите на Барса (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роналд Араухо е вистински лидер во одбраната на Барселона веќе неколку сезони, но после сите добри изданија кои ги имаше во дресот на каталонскиот великан, Уругваецот вчера ја доживеа најлошата ноќ.

Стоперот направи прекршок врз Баркола и го остави тимот на цедило по неполн половина час игра на „Монжуик“, а тоа максимално го искористи ПСЖ кој направи пресврт и се пласираше во полуфиналето.

Потегот на Араухо беше клучен на вчерашниот меч во Барселона и тимот на Чави мораше да се помири со нова болна елиминација во Европа, но овојпат главен виновник беше токму Роналд.

Барселона имаше предност од 1:0 и вкупни 4:2 пред да направи непотребен прекршок за црвен картон, па затоа на Роналд му требаше малку повеќе време и да собере храброст да се огласи во јавноста.

– Фудбалот кој ми даде толку многу радости, сега ми зададе тежок удар. Им благодарам на сите кои се безусловно покрај мене, на моите соиграчи кои оставија се на теренот и на навивачите кои веруваа во тимот до крај. Многу ми е жал што не ви ја донесов радоста која ја сакавте. Ќе се обидеме повторно….. Форца Барса, засекогаш! Бог има контрола над се, – порача Араухо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни