Чест за легендата: Чаби Алонсо ќе добие своја улица во Леверкузен

Чаби Алонсо оствари историски успех со Баер Леверкузен, носејќи им ја на „фармацевтите“ првата титула во Бундес-лигата во 120-те години постоење на овој клуб.

Згора на тоа, Шпанецот реши да остане во Баер уште најмалку една сезона одбивајќи богати понуди од Ливерпул и од Баерн Минхен, нешто што фановите на Баер и сите луѓе во Леверкузен дефинитивно нема да му го заборават.

Затоа, веќе е покрената инцијатива Чаби Алонсо да добие своја улица во Леверкузен, со што името на фудбалската легенда засекогаш ќе остане дел од овој град. Улицата би била во близина на стадионот „Бај Арена“, а желба на иницијаторите е целиот процес да биде завршен до крајот на годинава, за Алонсо се уште да биде дел од клубот во моментот на големата церемонија.

Градските власти веќе објавија дека Чаби Алонсо ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Леверкузен, а следен чекор ќе биде добивање на улица со името на Шпанецот.

Се вчитува...