Оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад

Од:

Милан Ѓуриќ поднесе оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад.

Како одговорен човек и одговорен политичар, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад, се наведува во соопштението за јавноста.

– Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на понатамошните поделби во општеството се клучни услови за натамошен напредок и развој на Нови Сад и подобрување на животот на жителите на Нови Сад. Во време кога општеството се соочува со огромни тензии, кои стануваат покомплексни, се закануваат да предизвикаат понатамошни и подлабоки поделби, вклучувајќи го и последниот насилен напад врз студент, на кој му посакувам брзо закрепнување, како некој кој верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, сметам дека прифаќањето одговорност е и поднесувањето оставка, моја човечка и политичка обврска и морална должност. Уште еднаш ја повикувам полицијата што поскоро да ги открие напаѓачите на студентот, а правосудните органи да ги казнат согласно законот“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

(ВИДЕО) Ученици го блокираа сообраќајот во Нови Сад, маж излезе од автомобил и ги нападна

Горан Наумовски

Мали: Опозицијата сака и веќе го презема протестот од студентите

А1он

Злосторство во Нови Сад – син ја уби мајка си со нож

А1он

Дел од студентите се откажаа од блокирањето на Мостот на слободата, осудена злоупотребата од политичарите

А1он

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти