Во ЕУ, 55 отсто од граѓаните имаат основни дигитални вештини, а предводник е Холандија

Во-ЕУ-55-отсто-од-граѓаните-имаат-основни-дигитални-вештини.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Европската унија лани 55 отсто од граѓаните на возраст меѓу 16 и 74 години имале основни дигитални вештини, а Холандија предничи на листата на земји каде овој удел е 83 отсто, објавено е на веб-страницата на Евростат.

Висок удел на дигитално писмени граѓани е забележан и во Финска, 82 отсто, во Данска 70 отсто и во Чешка 69 отсто, додека на другата страна на скалата е Романија со само 28 отсто граѓани со горенаведените вештини.

На статистиката значително влијае и образованието на испитаниците, бидејќи 80 отсто од луѓето со високо образование имаат основни дигитални вештини, но само 34 отсто од лицата со основно образование или воопшто без формално образование.

Друг важен фактор е возраста, бидејќи луѓето на возраст меѓу 65 и 74 години имаат значително послаби дигитални вештини од оние на возраст меѓу 25 и 34 години.

Оваа статистика се однесува и на мажите и на жените.

Уделот на постарите мажи со основни дигитални вештини е 34 отсто, а на мажите на возраст од 25 до 34 години е 69 отсто.

Оваа разлика е уште поизразена кај жените, бидејќи само 25 отсто од постарите Европејки имаат основни дигитални вештини наспроти 71 отсто од помладите жени на возраст од 25 до 34 години, пренесува Танјуг.

Жените се пред мажите во однос на познавањето на основните дигитални вештини во сите возрасни групи до 45 години, по што статистиката е обратна во корист на мажите.

Севкупните дигитални вештини се однесуваат на пет области, имено вештини за информациска писменост, вештини за комуникација и соработка, вештини за создавање дигитална содржина, безбедносни вештини и вештини за решавање проблеми.

За да имаат барем основни општи дигитални вештини, луѓето треба да знаат како да вршат барем една активност поврзана со секое поле.

Целта на Европската унија е до 2030 година најмалку 80 отсто од граѓаните на Европската унија да имаат основни дигитални вештини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK