Во 2013 беше на „Вембли“ како навивач, сега од клупата ќе ја води својата Борусија во финале на ЛШ!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, по вторпат ќе биде на „Вембли“ во финале на Лигата на шампионите, со таа разлика што во 2013 година беше на трибините како навивач, додека годинава ќе биде на клупата и ќе го води својот сакан тим.

Терзиќ е роден во Германија, татко му е Босанец, мајката Хрватка, а освен германско, има и хрватско државјанство. Му беше помошник на Славен Билиќ во Бешикташ и во Вест Хем.

Од 2018 има Про лиценца, а клупата на Борусија седна во 2020, прво како привремен тренер. Во минатата сезона на драматичен начин остана без титула во Бундеслигата, и застанат пред жолтиот ѕид плачеше од мака, а навивачите му дадоа поддршка.

Сезонава им врати за поддршката, и после 11 години ја одведе Борусија во ново финале во ЛШ, судбината сакаше тоа пак да биде на „Вембли“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести