Ерменија се согласи да му врати на Азербејџан четири села во пограничната област

Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи Ајкан Хаџизада соопшти дека Ерменија се согласила да му врати на Азербејџан четири села кои се наоѓаат на нивната заедничка граница.

„Како резултат на осмиот состанок на државните комисии за демаркација на државната граница меѓу Азербејџан и Ерменија, Ерменија се согласи да врати четири села во Азербејџан кои беа под окупација од почетокот на 1990-тите“, рече Хаџизада на социјалната мрежа Х.

Азербејџанските власти претходно изјавија дека враќањето на селото е неопходен услов за мировен договор што ќе стави крај на тридеценискиот конфликт меѓу двете земји, кои беа дел од Советскиот Сојуз.

Текстот Ерменија се согласи да му врати на Азербејџан четири села во пограничната област е превземен од МАКФАКС.