19 Април, 2024
0.2098

Користењето енергија од отпад создава можности за развој и намалување на емисиите на јагленрод диоксид

Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Создавање на систем за одржливо управување со отпад ќе донесе низа придобивки во општествтово, како што е крерање на нови работни места и создавање енергија од отпад преку алтернативни горива што е од исклучително значење во актуелната енергетска криза. Покрај тоа, преку организиран систем за управување со отпад се создаваат можности за рециклирање и почиста животна средина. Во земјата има огромен потенцијал за развој во овој правец, за што е неопходно подобрување на состојбите со отпадот во земјава и креирање на нови можности, согласно достапните и веќе применети практики од областа. Ова се главните заклучоци од работилницата во организација на Македонската асоцијација за цврст отпад – МАСВА, што денес се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија на тема – „Одржливо управување со отпад“.

Министерот за животна средина и просторно планирање,Насер Нуредини се обрати пред присутните на работилницата и истакна: „Задоволство ми е да се обратам на овој собир на бизнис заедницата која делува во полето на заштитата на животнатa средина и управувањето со отпадот.Ако сакаме да се справиме со предизвикот за ефикасно управување со отпад, што всушност е целта на оваа работилница ина многу други слични настани кои се организирани во регионот, мора итно да дадеме одговори нa клучните теми од оваа област. Владата на Република Северна Македонија е целосно посветена на обезбедување активен придонесес кон исполнување на глобално поставените цели за одржливост, преку поставување стратешки цели и дејствување на национално ниво. Се надевам дека оваа работилница ќе придонесе за зајакнување на секторот за управување со отпад во Северна Македонија, отпочнување мерки за подобрување на состојбата и охрабрување на сите засегнати страни“.

Еден од нашите главните приоритети е унапредување на третманот на отпадот во земјава. При носење на решенија поврзани со оваа исклучително значајна област имаме предвид два аспекта, а тоа се создавање одржлив систем кој ќе понуди соодветни решенија за унапредување на животната средина и искористување на можностите за поголем економски развој што ги нуди овој сектор.Оттука, продолжуваме да носиме конретни решенија кои ќе ги унапредат состојбите во овој сектор во насока на креирање на одржлив развој.

Работилницата „Одржливо управување со отпад“ беше поделена на два панела. Првиот панел беше посветен на темата „Воспоставување на депозит систем за отпад од пакување“. Претседателот на МАСВА м-р. Михаил Матески, кој го модерираше овој настан истакна: „Постојат веќе добро разработени модели надепозитни системи кои овозможуваат преку 90% степен на собирање отпад од пакување и најчиста суровина за рециклажа и искористување за повторно производство на пакување, додека граганите имаат финансиска мотивација да ги вракаат искористените пакувања. Истовремено се чува од загадување животната средина и се намалува потрошувачката на енергенти во процесот на производство на нови пакувања. Мораме да направиме напори за воспоставување ваков систем кој ќе овозможи овие придобивки да станат правило, а не исклучок, како што е сега“. Покрај Матески, во рамките на овој панел зборуваше и м-р Ана Мазневска Каранфилова, раководител на секторот за отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, која ја презентираше законската рамка, а се осврна и на состојбите во земјава и главните предизвици од аспект на регулативата и нејзината примена.

Дел од панелот беше и д-р. Филип Ивановски, директор на Пакомак, кој го сподели досегашното искуство на оваа компанија, успешните примери на селектирање со повратни вендинг машини, како и плановите за додатен развој на ваков систем на собирање отпад од пакување. Осврт на темата даде и Доинита Михаи, заменик претседател за односи со јавност на ЕЕС ТОМРА од Норвешка, претставувајки ги трендовите во управување со отпадот од пакување во ЕУ, каде повекето држави имаат воведено депозитен систем или се во процес на воведување, како мерка за постигнување на националните цели за рециклажа и спроведување на циркуларна економија.

„Енергија од отпад“ беше темата на вториот панел, тема која е исклучително актуелна во услови на енергетска криза. „Користењето на алтернативни горива добиени од преработки на отпад е веќе широко применета пракса во земјите од Европската Унија. Овој модел обезбедува трајно решение на проблемот со отпадот и економичен енергенс кој придонесува за поголема декарбонизација односно намалувње на емисиите на јагленрод диоксид. Затоа треба да работиме на овој потенцијал кои отвора многу нови можности“, истакна Наташа Бакреска менаџер за животна средина и алтернативни горива во УСЈЕ, модератор на овој панел во рамките на работилницата.

За искуствата и придобивките од користење на одредени алтернативни горива во земјава зборуваше Андри Хафинетс, извршен директор на Гентерм. Магдалена Михајлоска, експерт за комуникации во агенцијата од односи со јавност Имиџ ПР, истакна дека за поголем прогрес и воспоставување на одржливи системи кои ќе овозможат искористување на енергија од отпад  неопходна е континуирана едукација и информирање на јавноста, но и нејзино активно вклучување во процесот, за да може да се создаде одржлив систем кој ќе креира бенефити за заедницата во целина.

Според анализите во Европската унија, системот за управување со отпад и создавање на енергија од отпад во следните пет години ќе креира околу 500.000 нови работни места. Покрај тоа, ќе се постигне и намалување на емисиите на CO2, што е една од целите на Парискиот договор.

Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023