Силјановска Давкова пред Уставен суд во одбрана на законот

97

Гордана Силјановска Давкова денеска пред Управен суд го бранеше ставот дека Академијата за судии ги прекршува изборниот законик, бидејќи во моментов види постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.

Имено, по приговорот на Силјаноска Давкова, Државната комисија за спречување коруција (ДКСК) едногласно го поддржа нејзиниот приговор, но АСЈО поднесе жалба до Управниот суд, кој најкасно до недела мора да се произнесе за предметот.

Судечки совет на овој случај се Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска.

Од страна на Академијата за судии ставот ќе го брани директорката Габер Дамјановска.

Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) поднесе тужба пред Управен суд по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата(ДКСК) донесена по приговор поднесен од кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители го прекршува законот во изборен период.

Од Академијата, посочуваат дека пред, и на самата јавна седница на ДКСК, што се одржа на 10 април, имало многу процедурални повреди, за што Академијата најави тужба пред Управниот суд.