Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Намирници кои се поздрави отколку што мислите

Објавено

на

Некои многу вкусни намирници со години имаат лоша репутација, како што се путерот, сирењето, компирот, а кога ќе одлучите да се храните поздраво, веројатно мислите дека ви е забрането да ги јадете. Сепак, поздравата исхрана не треба да биде здодевна и невкусна, туку можете да ги вклучите и овие „лоши“ намирници, кои имаат изненадувачки висококвалитетни хранливи материи. Бројни студии покажаа дека овие „негативци“ се неправедно осудени, а некои од нив можеби ќе бидат и поздрави за вас отколку што прво мислевте.

На крајот на денот, повеќето здравствени експерти се согласуваат дека етикетирањето на храната како „добра“ или „лоша“ не е добро за здравјето или за целите. Наместо строго ограничување (кое долгорочно никогаш не функционира), подобро е да ги вклучите следните намирници во вашата исхрана и да ги приспособите на вашиот режим и вкус, бидејќи имаат многу хранливи материи:

Компир

Компирите се омилената „нездрава“ храна на многу луѓе, но тие не се само празни јаглехидрати. Компирите всушност се богати со витамин Ц, калиум и растителни влакна, како и со флавоноиди, каротеноиди и фенолни киселини, кои, според студиите, можат да штитат од кардиоваскуларни болести и рак, а истовремено обезбедуваат и антиинфламаторно дејство. Откриено е дека компирниот скроб ја подобрува чувствителноста на инсулин и е многу корисен за здравјето на цревниот микробиом.

Најважно е како го подготвувате. Кога се готви на пареа или се пече со кора, компирот е одличен зеленчук кој придонесува за зачувување на здравјето и не мора да биде обичен и досаден оброк. Можете да го комбинирате со брокула или пиперки, јогурт или павлака, како и со бројни билни зачини кои ќе му дадат уникатен вкус.

За да се формира отпорен скроб, оладените компири треба да се остават да отстојат најмалку 12 часа по готвењето пред јадење.

Конечно, ако ви е доста од домашен компир, можете да пробате и слатки компири, кои се со портокалова боја, богати со бета-каротен и помалку калорични во споредба со обичните.

Јајца

Јајцата имаат лоша репутација дека се богати со холестерол, но голем број докази сега покажуваат дека холестеролот во јајцата можеби всушност нема да влијае на целокупното ниво на холестерол во крвта на поединецот, така што тие се уште вреди да ги додадете во вашата секојдневна исхрана. Тие се нискокалоричен извор на протеини и содржат многу хранливи материи како холин, биотин и витамин А. Освен што се хранлив и вреден дел од урамнотежена исхрана, јајцата обезбедуваат и кулинарска разновидност.

Можат да се подготват на повеќе начини, а можат да бидат составен дел и на други јадења. Сепак, се препорачува најчесто да се консумираат варени.

Путер

Високата содржина на маснотии и холестерол на путерот обично значи дека тоа е „забрането“ за оние кои се свесни за здравјето. Сепак, можеби е поздраво отколку што мислите. Не само што е богат со корисни масни киселини и витамини растворливи во масти (како витамините А и Е), туку може дури и да му помогне на вашето тело да ги апсорбира хранливите материи растворливи во масти од друга храна.

Путерот е извор на масленa киселина, која микробиомот може да ја користи за да го регулира метаболизмот и да го промовира здравјето на цревата. Но, можеби најдобрата здравствена придобивка од путерот е тоа што содржи CLA (конјугирана линолеинска киселина), која може да ја зајакне функцијата на имунолошкиот систем и има антиканцерогени својства. Најважно е да не претерате.

Сирење

Сирењето можеби не е првата храна што ќе ви падне на ум кога ќе помислите на здрава исхрана, но всушност може да биде добар извор на калциум, здрави масти и протеини.

Содржи и важни хранливи материи како витамин Б12 и фосфор, а консумирањето млечни производи може уште да го намали нивото на штетниот ЛДЛ холестерол и значително да го намали ризикот од мозочен удар.

Најважно е храната да биде квалитетна, за да имате најмногу можни придобивки. Висококвалитетното сирење, исто така, може да обезбеди придобивки од пробиотиците кога се прави од ферментирано млеко, а како што истакнуваат експертите, ферментираната храна – како кефир и кисела зелка се уште една добра категорија на храна. Богат е со пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата и имунолошката функција.

Италијанска храна

Иако многу италијански јадења може да бидат полни со нездрави состојки, овие оброци можат да бидат здрави. Сепак, целата италијанска храна може да има поздрави алтернативи.

На пример, сосот од домати што се користи во пица, тестенини и лазањи содржи растителен антиоксиданс ликопен. Во овие јадења секогаш можете да додадете зеленчук, да користите интегрални тестенини, да исфрлите зачини кои содржат многу сол. Тестенините дури може да се заменат со тиквички или модар патлиџан, а кашкавалот на пицата секогаш може да биде квалитетно.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 27 минути

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 час

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 4 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 4 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 5 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 6 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 6 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 21 час

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена