Вести Македонија Топ вести

Создаваме помалку ѓубре од ЕУ, ама не рециклираме

Македонците создаваат помалку ѓубре од европскиот просек, но за разлика од земјите од ЕУ, каде што скоро половина од отпадот се рециклира, во земјава речиси целиот завршува на депонија.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2023 година во земјава биле создадени по 503 килограми комунален отпад по жител. Според Евростат, жителите на Европската унија во 2022 година создале по 513 килограми ѓубре по жител. Но, во ЕУ се рециклира 48 отсто од собраниот отпад, а во земјава помалку од 1 процент.

Најмалку отпад во ЕУ создаваат жителите на Романија – 301 килограми по жител, а најмногу жителите на Австрија – 835 килограми по жител.

Еколозите велат дека е потребна политичка волја, намалување на административните бариери, зголемување на јавната свест и зголемување на капацитетите на институциите.

„Овие системи што ги зборувам во себе вклучуваат и доделување на канти на граѓаните, набавка на возила и потребна опрема, сето тоа може да се направи, но мора државата да го поттикне и да го поддржи овој процес во иднина за да оди многу побрзо. Многу бавно ни се случува ова, уште од 2010 ги зборуваме овие регионални системи за управување со отпад коишто треба да ни ги решат проблемите со комуналниот отпад, но поради немање доволно политичка волја, административни бариери, недоволни капацитети на администрацијата, ние немаме реализација на овие мерки. Дури имаме европски пари коишто стојат така, не може да се искористат зашто е потребно да се сменат одредени работи, особено административно“, вели Блаже Јосифовски од невладината организација Гоу грин.

Податоците од државната статистика покажуваат создадениот отпад во земјава се зголемува секоја година. Една третина од создаденото ѓубре во Македонија не се собира од комуналните служби, туку завршува на селски буништа и други диви депонии, кои во земјава ги има над 1000.

Срѓан Стојанчов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе