Полицијата запрела пијан возач, но по прегледот лекарите дошле до неочекуван наод: Веднаш бил ослободен од обвиненијата

Белгиецот бил ослободен од обвиненијата за возење под дејство на алкохол, откако било откриено дека боледува од исклучително ретка состојба во која телото самостојно произведува алкохол (auto-brewery syndrom – ABS), изјавил неговиот адвокат.

Ансе Гескиер во понеделникот рече дека во „уште една несреќна случајност“ нејзиниот клиент бил запрен поради „алкохол“ , но тројца лекари кои независно го прегледале потврдиле дека има АБС.

Белгиските медиуми јавуваат дека судијата во пресудата посочил дека обвинетиот, кој не бил именуван во согласност со локалните судски обичаи, не покажал симптоми на интоксикација.

Истите индикатори како алкохолна состојба

Лиза Флорин, клинички биолог во белгиската болница АЗ Синт-Лукас, рече дека луѓето со ABS произведуваат ист вид на алкохол кој се наоѓа во алкохолните пијалоци, но генерално ги чувствуваат помалку неговите ефекти.

Луѓето не се родени со ABS, но можат да го развијат кога имаат друго нарушување поврзано со цревата. Пациентите може да имаат симптоми конзистентни со алкохолна интоксикација, како што се нејасен говор, губење на моторната функција, вртоглавица и подригнување.