Официјално: Скариоло останува селектор на Шпанија до 2028 година

Италијанскиот тренер Серхио Скариоло го продолжи договорот со шпанската кошаркарска репрезентација и ќе остане селектор на оваа европска држава во 2028 година, соопшти кошаркарската федерација на Шпанија.

Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година со пауза од 2013 до 2015 година и еден од најодговорните за големите успеси на „црвената фурија“ која во 2019 година го освои Светското првенство, а и низ годините четири Евробаскети (2009, 2011, 2015 и 2022 година), како и две олимписки медали, сребро на Игрите во 2012 година и бронза во 2016 година.

Се вчитува...