„Ни треба поддршка, ни треба единство овој пат за да можеме да ги реализираме целите што ги започнавме, а целите се добри, намерата е добра: да се создаде полесен живот, подобар живот, да ги задржуваме луѓето овде, да ја донесеме Европа овде а не да се замине таму…ако ја постигнеме таа цел, можам искрено да кажам дека ова ќе биде центар на планинскиот туризам во Европа“, рече кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт Бујар Османи, кој ги посети тетовските села почнувајќи од Бозовце, Вешала, Бродец, Шипковица, Лисец, Гајре.
Османи, нагласувајќи дека како кандидат на Европскиот фронт, односно на девет политички партии и четири заедници, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Северна Македонија, Албанци, Турци, Бошњаци и Роми, додаде дека овојпат шансите се многу сериозни да помине како кандидат Албанец во вториот круг.
Земајќи во предвид дека гласовите ќе бидат распределени на 5 кандидати, секој силен на свој начин, тоа му дава предност да оди во вториот круг.
Н. А.