Излезноста на изборите до 11 часот изнесува13,69 проценти за парламентарните и 12,87 проценти на претседателските

од Milan1

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста на изборите до 11 часот на претседателските и на парламентарните избори.

– Од добиени податоци од 2080 избирачки места каде се запишани 1.962.019 гласачи, на претседателските избори гласале 141.087 гласачи, односно 12,87 проценти. Најголема излезност има во Пробиштип – 27,85 проценти, а најмала во Липково 1,76 отсто и во други места. Во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале за претседателските избори, отколку во западна Македонија каде што процентот е многу низок, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

За парламентарните избори, пак, излезеноста е 13,69 отсто, покажуваат податоците од 1 976 избирачки места каде гласале 140 990 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмала во Врапчише, 5,2 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК).

Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезност од 2,69 отсто.

Даштевски соопшти и дека до ДИК до овој момент се доставени вкупно 164 приговори за заштита на лично избирачко право, 50 се усвоени.

Слични содржини