Странските инвеститори апелираат да се најде решение за проблемот со оданочувањето

Странските инвеститори апелираат да се најде решение за проблемот со оданочувањето

Глобален минимален данок на добивка закана за македонските инвестиции. Новата давачка за плаќање на  15 отсто данок на добивка од компаниите кои оствариле 750 милиони евра обрт, отвора дилема дека Македонија нема веќе да биде привлечна за инвеститорите имајќи предвид дека главниот адут на земјава се ниските даноци и даночните ослободувања.  Данокот е на предлог на  ОЕЦД (Организацијата за економска соработка и развој),  а главната  цел е да се стави крај на трката меѓу државите да привлекуваат инвестиции со ниски даноци.

Иако глобално данокот  почна да се применува од 1- јануари 2024 година, а Македонија е една од 140-те земји која ја прифатила иницијативата, македонската Влада до сега не понудила стратегија како ќе се постапува .

Ни беше кажано дека ќе има транзициски период, дека ние како држава тоа нема веднаш да го воведуваме, сепак данокот почнува од 1 јануари 2024 година овој данок е воведен на глобално ниво, така да без разлика дали тие компании работат внатре или надвор од ТИРЗ ќе треба детално да се разгледаат сите ефекти . Зборуваме за бропјка од над 50 компании од Северна Америка, Европа пред се, вели Виктор Мизо

Во моментов останува рамниот корпоративен данок од 10 отсто , што значи дека компаниите ќе треба најверојатно да доплаќаат во матичната држава . Според експертската јавност, Македонија е добра локација за инвеститорите заради ниските давачки и евтината работна сила , ако не се најдат мерки за даночната политика ништо нема да ги кочи потенцијалните инвеститори да заминат во друга земја.

 Од друга страна се заканува и во буџетот да се прибираат помалку пари .

Се уште локално не го имаме адаптирано останува 10проени рамен корпоративен данок, ако ништо не се смени ќе треба да има доплаќање на допполнителен данок зависно од тоа дали добиваат државна помош или не разликата може да биде целосно 15 проценти или разликата помеѓу ефективниот данок кој се плаќа кај нас и до 15 приоценти и тоа ќе е исплата на странските компании / да дадеме препораки како тие компании треба да се аптејдираат за да има неутралност кон компаниите нио и кон државата бидејќи даночен одлив не е нешто што е позитивно за никого, вели Мизо.

Претходни податоци од советот на странски инвеститори покажаа дека само 40 отсто од постоечките повторно би реинвестирале во Македонија поради корпуцијата, правната несигурност, недостатокот на квалификуван кадар и лошата инфраструктура.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста