Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1.002 мажи и 753 жени

Од:

Единаесетите парламентарни избори во земјава ќе се одржат во среда. Ова се редовни парламентарни избори што се спроведуваат истовремено со вториот круг од претседателските избори.

Избирачите ќе може да гласаат со заокружување на еден од редните броеви пред 17-те листи на кандидатите за пратеници. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија.

Се гласа во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за одредени изборни единици. На изборите има 1.755 кандидати од кои 1.002 мажи и 753 жени.

Во Собранието на Република Северна Македонија се избираат од 120 до 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Републиката е поделена на шест изборни единици. Во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат според пропорционалниот модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија. На овие избори нема гласање во дијаспората така што бројот на пратеници што ќе се избира ќе биде 120.

Гласањето и за парламентарните и за вториот круг од претседателските избори започнува во седум часот и трае до 19 часот. Граѓаните во текот на денот ќе можат само еднаш да дојдат на избирачкото место и да гласаат за двата вида избори или пак, само за претседателските или само за парламентарните избори. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со т.н. фингерпринт апарати.

Записниците и другиот изборен материјал, избирачкиот одбор ги доставува до ОИК во рок од пет часа по завршување на гласањето. По спроведените избори за пратеници, ОИК ги сумира резултатите од гласањето на листата на кандидати, составува записник и заедно со целокупниот изборен материјал го доставува до ДИК веднаш, а најдоцна до 12 часа од завршување на гласањето.

Првичните резултати од изборите добиени по електронски пат, Државната изборна комисија ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Конечните резултати, Државната изборна комисија ги објавува најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Би можело да ве интересира

Во Ларце до 13 часот гласале 32,73 отсто од граѓаните, во Струга гласале 30 отсто од гласачите

Орце Костов

Прегласувањето на седумте избирачки места почна навреме

Орце Костов

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ