Нејасно е како поминал покрај обезбедувањето незабележан: Детали за масакрот во болницата во Кина

527

Неидентификуван маж уби најмалку двајца, а повреди дури 23 лица додека мавташе со ножеви во најголемата болница во Женксионг, провинцијата Јунан, Кина.

Нападот се случил непосредно пред полноќ по локално време кога маж, целосно облечен во црно, влегол во болницата неприкосновен, држејќи ножеви во рацете.

Сосема е непознато како успеал да помине покрај обезбедувањето без да биде спречен од нив.

После тоа започна луд напад врз граѓани, од кои дел придружуваа пациенти, а дел беа самите клиенти на болницата.

Најпрвин полицијата соопшти дека загинале најмалку десет лица, но во текот на ноќта по локално време има сигурни информации дека животот го загубиле две лица, а биле ранети дури 23 лица.

Некои од нив се тешко повредени.

Напаѓачот сѐ уште е во бегство, а полицијата ги советувала жителите на Женксион да не ги отвораат вратите од своите домови за странци.

„Во овој момент сите повредени се надвор од животна опасност и добиваат соодветен третман во болница“, соопшти полицијата во провинцијата Јунан.

„Сѐ беше многу хаотично. Се слушаа врисоци. Полицијата работи на случајот“, рекол еден од жителите на Женксион кој живее веднаш до болницата, пренесува „The Paper“.

Во Кина е забрането да се носи оружје, поради што многумина дошле на идеја да купат „скакулци“ и други видови ножеви.

Во август минатата година, две лица беа убиени, а неколку беа повредени кога маж со дијагноза на растројство, исто така, ги нападна со нож гостите на забава во станбена зона во Јунан.