ФИФА и УЕФА загрижени околу случувањата во Фудбалската федерација на Шпанија

ФИФА и УЕФА испратија писма до Шпанската фудбалска федерација во кои ја изразуваат својата загриженост и бараат повеќе информации за тоа што всушност се случува, пишува „Марка“.

Она што е сигурно е дека полицијата минатата недела изврши претрес во шпанската фудбалска централа, кога беа запленети голем број документи во повеќе случаи поврзани со наводна корупција, проневера на пари и овластувања, како и насочено прикривање на криминални дела и попречување на правдата. .

Шпанското обвинителство издаде налог за апсење и побара затворска казна од две и пол години за поранешниот претседател Луис Рубиалес, кој и понатаму е под истрага за сексуален напад, корупција, перење пари и други злосторства за време на неговиот мандат.

Сето тоа ги прави фудбалските власти уште понемирни, а негативната атмосфера во Шпанската фудбалска асоцијација е загрижувачка пред коорганизацијата на Светското првенство во 2030 година, на кое Шпанците заедно со Португалците и Мароко ќе бидат домаќини.

Се вчитува...