Нов обид на Регулаторната комисија за воведување на дополнителни часови евтина тарифа. Откако минатата година поради тоа што цените на берзите почнаа да дивеат и вакви процес се одложи, сега повторно се прават анализи дали и од кога би можело да се прошири периодот на евтина струја.
Анализите се прават но најчиста слика за целата состојба би имало од есен.
Цената на берзите во текот на денот од 10 до 16 или 17 часот е два до три пати е пониска од цената во ноќните часови од 19 до 20 па до полноќ. Постои можност во текот на денот да се зголеми бројот на евтината тарифа, но за сметка на намалување на евтината тарифа во периодот од 22 до 24 часот, а знаеме дека имаме стекнати навики така да затоа ги правиме овие анализи па понатаму во септмеври ќе знаеме поубаво како ќе постапиме, вели првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски.
Од РКЕ велат дека изминатиот период добиле околу 500 жалби за сметките за струја. Најавија нов начин на читање на броилата со што би се истиснале паушалните сметки.
Еднаш месечно да се читаат броилата при тоа во наредниот период сите броила ќе бидат во нарендите две до три години со можност за далечинско отчитување, а таму каде ќе има паметни броила ќе може да се известат сите домаќинства какви ќе им бидат цените, додава Бислимовски.
На крајот од минатата година имаше обид да се зголеми периодот на користење евтина струја , но цените надминаа 100 евра за мегават час. Кај нас и во другите земји од регионот беа далеку повисоки од некои држави од ЕУ, па се затвори можноста за ваквата поволност.
Се прати и писмо од европската енергетска заедница за состојбата со цените. Од таму одговорија дека ваквиот распон на цените помеѓу земјите е затоа што во регионот енергетската поврзаност е полоша, но со ваквото објаснување од РКЕ не се согласуваа. Во моментов цената на струјата на берзата ХУПЕКС се движи околу 100 евра за мегават час.
Ирена Чачкова