,,Исламската Држава” објави фотографија со извршителите на масакарот во Москва

by fokus

Исламската држава (ИД) денеска објави фотографија на која тврди дека на неа се четворицата напаѓачи кои го извршија смртоносниот терористички напад во концертната сала Крокус во близина на Москва во кој загинаа најмалку 143 лица, објави новинската агенција ИД Амак на својот канал Телеграм.

„Нападот беше извршен во контекст на безмилосна војна меѓу Исламската држава и земјите кои се борат против исламот“, се вели во соопштението на новинската агенција Амак, пренесува Ројтерс.

Исламска држава ја презеде одговорноста за синоќешниот напад на концертната сала „Крокус“, но има индиции дека Русија ги истражува врските на напаѓачите со Украина и покрај тврдењата на украинските власти дека официјален Киев нема никаква врска со нападот.

Руските власти соопштија дека уапсиле 11 лица, вклучително и четворица осомничени вооружени лица поврзани со терористичкиот напад на местото на концертот во Крокус.

Поврзани новости