Белингам одбра кои се најдобрите играчи: „Тие двајца секогаш се десет чекори пред другите“

Реал Мадрид направи вистински потег со ангажманот на Џуд Белингам од Борусија Дортмунд. „Кралевите“ платија 103 милиони евра, а со дополнителните бонуси, трансферот може да стигне до 133.9 милиони евра и да го урне рекордот на Еден Азар кој беше купен за 115 милиони евра.

Белингам освен со игрите на теренот, ги освои навивачите на Реал Мадрид и со својата скромност, а сега мораше да се одлучи кои се најдобрите играчи со кои играл во својата екипа, односно од соиграчите во Реал, Борусија и репрезентацијата на Англија.

„Играв со многу добри фудбалери во Дортмунд и репрезентацијата на Англија, но Тони Крос и Лука Модриќ веројатно се најдобрите со кои сум играл. Некој од нив двајца. Тие играат друга игра, секогаш се десет чекори пред останатите. Би рекол дека тие двајца се најдобрите.“ – одговори Белингам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести