Светна 155 метарската кула на АЕК на Водно. Од вчеравечер на Водно покрај крстот, јасно се гледа и импозантното издание на телекомуникациската кула која ја градеше агенцијата. Градежните работи по 12 години се речиси целосно завршени вели директорот на АЕК. Оваа кула освен што ќе служи за контрола на радиофреквенции ќе биде и туристичка атракција. Акику за Сител вели дека на врвот на кулата предвиден е простор за ротирачки- панорамски ресторан ...
Во текот на изминатите денови, градот доби нов сјај и светлина благодарение на кулата која се наоѓа на врвот на Водно, за чија изградба беа потребни 12 години. Препорачано На телекомуникациската кула има неколку платформи, меѓу кои и една ротирачка, која уште кога започна изградбата беше најавено дека ќе биде уникатна атракција за посетителите од каде што ќе се пружа величествен поглед на Скопје и место за уживање во гастрономски специјалитети. ...
Официјалното пуштање на кулата што ја градеше АЕК со средства од сопствениот буџет е планирано да се случи некаде во текот на октомври, бидејќи дотогаш треба да се завршат уште неколку процедури. – Очекувам до 15 септември да завршат сите работи околу партерното уредување околу објектот, приклучокот за електрична енергија, како и да се постави цистерната за нафта за потребите на двата агрегата со огромна моќност кои ќе можат да работат и до една ...

