20.8 C
Скопје
29. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Морачанин: Нашите главни барања се исполнија во претходниот мандат – имаме 600 мегавати капацитети од обновливи извори

Во преговорите со СДСМ за коалицирање, преговаравме и за нашите програмски приоритети, „зеленире теми“ екологијата, заштитата на животната средина се нашите приоритети и она што ние го баравме во минатиот период и можам да кажам дека ние во тој дел, голем дел од нашите програмски приоритети во минатиот мандат, беа реализирани,рече во интервју за Слободен печат, претседателката на ДОМ Маја Морачанин.

Таа истакна задоволство од тоа што во последните години се зголемија енергетските капацитети од обновливи извори, но и најави нови механизми за тие да станат подостапни за граѓаните и домаќинствата.

„Се исполни она што ние го баравме – зголемено учество на обновливите извори на енергија во производството на струја. Тоа се реализираше и тоа го кажуваат и бројките. Во 2016 година во Македонија од обновливи извори се произведувала енергија само 16 мегавати, сега оваа година се произведуваат 600 мегавати, тоа е навистина голем напредок и факт е дека учеството на обновливи извори на енергија, пред се тука мислам на сонцето и ветерот Македонија е лидер во регионот. Ние тоа сакаме да продолжи тоа и приоритет за нашиот иден ангажман е покрај компаниите кои поставуваат фотоволтаични централи, и нашите граѓани да ги почувствуваат придобивките од нашето сонце, тоа значи развој на енергетската демократија, однонсо секој покрив да стане фотонапонска централа а граѓаните многу полесно и поедноставно да можат да поставуваат фотоволтаици, а тука клучно ќе биде и формирањето на енегертски задруги“ посочи Морачанин.

Спонзорирано: