Чави потврди дека ќе ја напушти Барса

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави Ернандез, очекува неговиот тим да ја продолжи победничката серија и на утрешниот меч со Гранада кој ќе биде одигран на стадионот – „Камп Ноу“.

Каталонците во последните две средби во Примера Дивизион, забележаа победи против Осасуна и Алавес. „Пред два месеца Гранада го смени тренерот. Со Медина, тимот се подобри дефанзивно и им пружи многу малку шанси на противниците. Очекувам да бида агресивни на секој дел од теренот“ – нагласи Чави кој воедно одговори и на прашањето за неговата иднина во клубот.

„Мислам дека бев јасен. Нема да се предомислам. Донесов вистинска одлука бидејќи на клубот му треба промена“ – изјави тренерот на Барселона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО