Журка во сабота за 10 години трап настани во Македонија

На 23 март (сабота) во „Лабораториум“ ќе се случи настанот „TDFU Presents: 10 Years For The Cultur“ – 10 часовна забава со настапи од македонски диџеи.

„’TDFU Presents: 10 Years For The Culture’ не е само прослава на музиката, туку и платформа за споделување на креативноста, иновациите и зајакнувањето на заедницата која го поддржа овој жанр низ годините. Ги покануваме фановите на модерниот хип-хоп звук да ни се придружат на забавата и заедно да прославиме една деценија трап настани во Македонија“, се вели во најавата.

 

Организатори се пионерите на трап сцената во Македонија – Trap Da Fuck Up (TDFU).

Влезот на настанот е бесплатен, но секој присутен се охрабрува да остави донација од симболични 10 денари за поддршка на 10-те години работа на овој колектив.

Почетокот е закажан за 15:00, а журката ќе трае до 01:00