Пендаровски: Сиљановска нема програма

Претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски, вечерва беше на митинзи во Кисела Вода и Аеродром. Порача дека е убеден оти по двојните избори ќе постои политичка структура составена од луѓе кои знаат дека Македонија мора да биде дел од Европа, но не изостави и денеска да ја нападне противкандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, вели таа немала никаква програма.

„Македонските граѓани ја препознаваат вистинската опција за прогрес на сите нас кои живееме во оваа држава. Ние, оваа политичка структура од која јас сум дел еве 15 години, ја внесовме Македонија во НАТО Алијансата што е чин еднаков на референдумот за независност. Не е мала работа држава од 1.8 милиони луѓе да биде на иста маса со една Америка, Германија, Франција, Канада, со најмоќните на светот и да има заеднички консултации при каков било обид за дестабилизација, при каква било безбедносна криза“ истакна Пендаровски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста