Јапонските навивачи го привлекоа вниманието на Светското првенство во Катар, но не поради гласната поддршка за својата репрезентација, туку затоа што останаа да го чистат стадионот по натпреварот. Многу луѓе се прашуваат зошто Јапонците остануваат некое време на стадионот по натпреварот и го собираат целото ѓубре околу себе, иако не мораат. Истото го прават и јапонските фудбалери со соблекувалната која ја оставаат целосно чиста и уредна. ...

Јапонските навивачи ги освоија симпатиите на целиот свет со чистењето на трибините на стадионот по натпреварите на Светското првенство – но останува прашањето зошто го прават тоа? Јапонските навивачи го собираат ѓубрето дури и на натпревари на кои не игра нивната репрезентација, па „Ал Џезира“ реши да ги праша навивачите зошто го прават тоа. „Нашите срца се чисти, па трибините мора да бидат чисти. Тоа значи дека екипата ја достигна својата ...