Утрински Весник
Македонија

Османи: Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања

Османи: Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања
300x250 (7)

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) зборуваше за ветото на Бугарија против почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и за важноста на европската перспектива.

dobivaj vesti na viber

Османи во интервјуто рече дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ, а тоа предизвикува многу фрустрации.

300x250 (7)

„Јас сум горд на посветеноста на политичката елита и населението, кои и покрај се остануваат на целта за влез во ЕУ. Постои вистинско верување дека нема алтернатива – инаку луѓето одамна би го напуштиле овој пат. Дури и луѓето кои не се запознаени со геополитичката динамика многу добро разбираат дека за оваа земја ЕУ е воздухот што треба да го дишеме“, рече Османи.

Министерот беше прашан и дали има гаранции дека Бугарија нема да поставува натамошни барања по уставните измени, на што одговори дека приллично е сигурен оти Бугарија постојано ќе формулира нови барања, пренесе „Дојче Веле“.

„За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден“, вели Османи.

Сепак, Османи смета дека целта е темата да се префрли од историските интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри. Објасни дека Северна Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно.

 

Ss1

Можете да прочитате

Ристовски: Нема промена на Устав под ниту една закана

Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски

Костадиновска-Стојчевска: „Битолски весник“ – пирејот на демократските и културните процеси