Навивачите на ПСЖ со порака кон Мбапе: Килијан во Париз!

Неколку стотици навивачи на ПСЖ присутни оваа недела во клупскиот тренинг центар во француската престолнина го замолиле Килијан Мбапе да не го напушта Париз на крајот на неговиот договор.

Навивачите ја искористиле шансата да го поддржат и охрабрат својот тим пред нивниот дуел во Лигата на шампионите со Реал Сосиедад, како и да ја искажат својата поддршка кон Килијан Мбапе. „Килијан во Париз! – скандираа неколку пати за да го охрабрат капитенот на францускиот тим да го обнови договорот со ПСЖ.

Очигледно допрен од аплаузот, Мбапе им аплаудираше на навивачите, а потоа ја крена раката и ја стави на градите кај неговото срце.
Оваа сезона Мбапе учествуваше во 29 натпревари во сите натпреварувања за клубот, на кои постигна 30 гола и даде седум асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО